СТОП за смс пораки во автомобил!

Објавено на 21 декември, 2012 во 10:23

Три апликации од кои нема да имате потреба да пишувате смс пораки додека возите.

– AT&T DriveMode – откако ќе ја активирате апликацијата на својот телефон, сите тонови за пораки и повици се намалени, а апликацијата дополнително го блокира читањето и пишувањето на мобилниот. Исто така, автоматски испраќа одговори кои вие сами ќе ги испишете, за оние кои во текот на возењето ќе ви испратат смс или пак ќе ви ѕвонат.

– DriveSafe.ly – апликација која ви ги чита вашите смс пораки или е-маилови. Наместо да размислувате кој ви испратил порака и што пишува во неа, оваа апликација автоматски ве известува за се.

– Text-STAR  – апликација која внимава на вашата брзина на автомобилот, и на поголема брзина ги блокира смс пораките за да не ви сметаат додека возите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.