Наскоро и ајНокшир!
Нокшир за децата од 21-от век со специјален носач за ајПад наскоро ќе се најде по продавниците по цена од 30 евра.
ајНокшир има носач за ајПад така што децата можат да се забавуваат додека го прават она што треба, а идејата е процесот на навикнување на нокшир да им се олесни на родителите, но и на децата.
Нокширот во продажба ќе биде пуштен во март по цена од околу 30 евра, но овој „модел“ доаѓа само со носач прилагоден на ајПад, и соодветна заштитна маска која би требало да спречи можни „незгоди“, а самиот ајПад секако, ќе мораат да го обезбедат родителите.
Од комапнијата CTA Digital, која стои зад овој геџет претставен на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2013) велат дека идејата била да децата им се олесни периодот на привикнување на нокшир, затоа што им се овозможува да се забавуваат со игри или гледање видео снимки додека одговараат на „повикот на природата“.