…и партнерот знае да биде домашно милениче!

Објавено: 26 јануари, 2013, во 14:03 часот

Животните се најдобри пријатели на луѓето и од нив може да се научи многу. Не зборуваат, но со нивното однесување може да ве насочат и да ви помогнат во врската со партнерот.

Кучиња, мачки, риби и папагали може незнаат да зборуваат, но возбудата која ја покажуваат кога ќе пристигнете дома или пак безрезервната љубов која ви ја овозможуваат може да ви помогне за подобрување на врската со партнерот.

Не излегувајте од дома без поздрав!

Колку пати сте ја напуштиле куќата без да се поздравите со партнерот? Кучето тоа никогаш нема да ви го дозволи, секогаш ќе најде начин да допре до вас а вие многу лесно ќе му го разубавите денот.  Научете ја лекцијата и поздравете, поздравете го партнерот и посакајте му убав ден.

На секој му е потребно внимание!

На почетокот на врската се е совршено, но потоа заборавате дека за да успее односот треба да се негува. Ќе заборавите ли да го исчистите аквариумот или пак да го прошетате кучето затоа штосте оптоварени со проблеми??? Размислете за вниманието на вашиот партнер!

Сите сме различни!

Мачките не се сите исти, некои обожаваат да се умилкуваат додека други се подготвени цел ден да спијат. Но тоа се вашите миленичиња и знаете што да очекувате од нив. Исто е и со партнерот, дозволете му да биде различен и не го споредувајте со бившиот.

Не заборавајте на магичниот збор – Извини!

Новиот член во вашиот дом е мало кученце кое неколку пати дневно прави свињарник во вашиот дом, но само еден поглед на тоа мало суштество и ќе сватите дека викањето не е решение, Ќе го предупредите и потоа ќе го земете во скут за да го погалите. Сторете го тоа и со вашиот партнер, кажете му тоа што вас ви пречи па дури и да го подигнете гласот, но после тоа решението најдете го во заедничката прегратка.

Вашиот партнер неможе да им е драг на сите!

Некои луѓе обожаваат мачки додека други за куќни миленичињаа имаат змии и гуштери. Нормално е на некој да не му се допадне, па дури и некои од твоите најдобри пријатели нема да го прифатат најдобро вашиот партнер. Не мора секој да мисли дека Тој е супер дечко и фраер и дека многу сте среќни што сте заедно, тоа е доволно и самите вие да го почуствувате!

Допирот прави чуда!

Различни истражувања докажале дека допирот или прегратката го зголемува нивото на хормонот окситоцин поради кој се чуствуваме одлично. Исто како што се мазите со вашите домашни миленичиња, истот може да го сторите и со партнерот. Ова ќе му одговара на секого!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.