Како да го негувате Бамбусот на среќата!

Објавено: 13 февруари, 2013, во 09:15 часот

Милион луѓе ширум светот сватија дека ова е една од наједноставните билки за домашни услови, бара малку негa, малку вода и сонце, а вас, според Фен Шуи ќе ви подари среќа, особено ако го добиете како поклон.

Дури и ако лошо се грижите за него, он ќе живее долго.

Според Фенг Шуи среќниот Бамбус во свето окружување придонесува баланс на природни елементи како вода, земја, оган и дрво.  Се верува дека е идеален пример за растот на дрвото во вода, а црвените прстени кои се појавуваат на неговото стебло се сметаат за симбол на оганот.

Одберете едно или три стебла за среќа, богатство, шест за здравје. Четири стебла треба да одбегнувате, бидејќи четири не е поволен симбол.

Бамбусот кој носи среќа за да биде здрав и жив треба да му ја менувате водата секоја седмица. Тој несака јака светлина, а му одговара просечна температура од  20 до 30 степени. Иако не треба многу да го храните, имајте на ум дека сепак е жив организам, а не пластична билка, па понекогаш, еднаш месечно во водата додадете една капка ѓубриво во течност. Водата пред да ја замените оставете ја преку ноќ да отстои, никако не ја ставајте директно од чешмата.

Понекогаш листовите знаат да пожолтат поради премногу директно светло или ако водата е многу хлорирана. Не би било лошо да ја филтрирате водата пред да ја смените.

Среќниот Бамбус може да го ставите и во земја која ќе мора да ја оддржавате постојано влажна, но затоа нема потреба, доволно е да го задржите во вода и да ја менувате водата редовно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.