Хакерска Рубикова коцка!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 11:58 часот
Мигуел Алонсо се сети да создаде своја верзија на Рубикова коцка, која најмногу би им се допаѓала на информатичарите и на оние кои така се чуствуваат. Всушност Алонсо на класичната Рубикова коцка и залепил типки кои ги извадил од тастатура, така што задачата е да се распоредат типките по редослед на QWERTY (тастатура).
Имајте на ум дека ситуацијата е посложена отколку кај класичната Рубикова коцка, бидејќи на страните на коцката не треба да биде само иста боја на површината, туку и конкретни букви на вистинското место.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=eeOCuVbDmQk{/youtube}
