Одберете идеална профилна фотографија!

Објавено: 18 февруари, 2013, во 10:05 часот

Интернетот често не потсетува колку е важен првиот впечаток. Токму поради тоа профилната фотографија на Фејсбук игра многу важна улога во вашиот живот.

Еве што советуваат експертите, како треба да изгледа вашата профилна фотографија на Фејсбук.

1. Користете нова фотографија. Без оглед колку ви се драги фотографиите од детството, за профилна фотографија ставете слика од сегашноста. За стари фотографии одберете посебен албум.

2. Пронајдете некој да ве фотографира. Фотографиите пред огледало не се воопшто интересни на оние кои ги гледаат. Исто така, доколку сами се фотографирате, фотографијата ќе ви биде многу одблизу или од крив агол.

3. Пронајдете добро светло за фотографирање. Премногу сонце, како и премногу вечерно светло може да рефлектира сенка на вашето лице и да го упропасти изгледот на фотографијата.

4. Претсавете се себе во вистинско светло. Фотографиите кои само вие и неколку ваши пријатели ја разбираат вашата профилна фотографија не се за прикажување, бидејќи сега Фејсбук користат и вашите професори, шефови и работни колеги. Размислете прво каков впечаток сакате да оставите, па потоа пронајдете фотографија за тоа.

5. Избегнувајте премногу атрактивни профилни фотографии. За профилна фотографија поставете едноставна верзија, а сите останати интересни фотографии може да ги споделите во посебен албум, но немој да ставате профилна фотографија која ќе ве засрами пред шефот и родителите. А знаете дека профилните фотографии се видливи за сите корисници на Фејсбук.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.