Паднаа Messenger, Facebook i Instagram
10.12.2020
Во последниот час, голем број корисници, претежно од Европа, пријавија проблеми со Фејсбук, Месинџер и Инстаграм.
Ако сте забележале проблеми со услугите на Фејсбук во последниот час, тоа не е проблем со вашите уреди или вашата интернет-врска, тоа е проблем од страна на Цукерберг.
Како што можеме да видиме од податоците на Даун Детектор, во последниот час корисниците известуваа за проблеми со Фејсбук, Инстаграм и Месинџер. Се чини дека, според извештаите на корисниците, најлошата состојба во моментот е со Месинџер и Инстаграм.
Проблемите претежно се пријавуваат во европските земји, вклучително и во Македонија. Пораките на Месенџер доцнат, односно во зависност од користените апликации, тие дури и не се праќаат. На пример. на десктоп апликација, пораките можат да поминуваат, но не и на веб апликација и мобилна апликација или обратно.