Да живее Интернетот!!!
Седум причини зошто го сакаме Интернетот.
Интернетот ги уби енциклопедиите, љубовните писма, правописот, страствените дебати и многу други работи. Одвоивме дел од работите без кои неможеме да го замислиме нашето секојдневие …
1. Побрз пат до успехот и нови работни места
– Justin Bieber и Arctic Monkeys се само дел од примерите за тоа како Интернетот може да биде отскочна даска за успех во бизнисот.
2. Запознавање со љубовта на вашиот живот или пријатели за цел живот
– Интернетот е полн со друштвени сајтови за запозавање на луѓе кои особено им помага на оние срамежливите личности. Љубовта и пријателствата најчесто се раѓаат на друштвените сајтови, но и преку онлајн игрите, форуми и др.
3. Одржување на меѓународни пријателства
Денес е многу полесно да се одржи контакт со луѓето кои живеат во други земји и на други континенти. Видео-чатовите, меиловите и друштвените мрежи обезбедуваат целосно нови можности за комуникација со пријателите.
4. Шопинг револуција
– Онлајн продавниците се отворени 24 часа дневно, седум дена во неделата. Со само неколку клика и малку вештина може да ја направите најповолната шопинг акција.
5. Удобност
– На Интернет можеме да резервираме/купиме карти, хотели, билети …учиме странски јазици, да ги прошириме своите знаења, да ги гледаме телевизиските емисии кои сме ги пропуштиле и уште многу повеќе нешта кои ни пружаат удобност во сопствениот дом.
6. Знаење
– Поради големиот број на извори на информации, можеме да дојдеме до различни сознанија и објективни, нецензурирани вести. Секако тоа претставува и голем предизвик, бидејќи во морето на информации понекогаш е тешко да го препознаеме вистинското.
7. Бесплатни игри, музика, филмови, весници
– Без разлика дали се легални или не, Интернетот е преполн со слободни содржини.