Lumia 505
Nokia претстави нов мобилен телефон кој ќе биде наменет за помалку апетитната публика.
Се работи за low-end моделот Lumia 505 кој ќе се испорачува со Windows Phone 7.8, со кој Nokia ќе цели кон потенцијалните купувачи на евтини Android уреди.
Мобилниот има AMOLED екран со дијагонала од 3,7 инчи со резолуција од 480 х 800 пиксели, а дополнителна заштита од удари нуди Gorilla Glass. Има вграден процесор со работен такт од 800 MHz со едно јадро, камера од 8 мегапиксели, и само 256 MB работна меморија и 4 GB flash меморија. Батеријата од 1.300 mAh би требало да поддржи 36 часа репродукција на музика, т.е. седум часа разговори.
Смартфонот моментално е најавен само за пазарот на Мексико, а се очекува да биде достапен и на останатите пазари, првично во земјите во развој.
За жал, цената не е објавена.