Овие витамини и минерали ќе придонесат да имате повеќе енергија во текот на денот
Ако не внимавате што јадете, подготовете се за жестока борба со заморот. Храната која јадеме содржи одредени витамини и минерали кои можат да влијаат на способноста да имаме доволно енергија во текот на целиот ден.
Железото на пример пренесува кислород од црвенитее клетки до нашите мускули, а можете да го најдете во спанаќот, сусамовото семе и маслинките.
Од друга страна витаминот Б помага во претворање на храната во енергија и клучен е за растот и равојот и останатите важни телесни функции. Можете да го најдете во многу продукти, од гравот до јаткастите плодови, сите видови месо, како и разновиден зеленчук и овошје.
Магнезиумот го подобрува имунитетот и ги спречува воспалителните процеси, а може да го најдете во семките од сончоглед, индиски оревчиња и семки од соја.
Калиумот е електролит кој го регулира крвниот притисок, мускулната активност и задржувањето на водата.
Витаминот Ц помага во производство на карнитин, молекули кои му помагаат на телото во согорување на маснотиите и нивното претворање во енергија.
Цинкот влијае на синтезата на протеините и клучен е за правилно функционирање на црвените и бели крвни клетки.
Калциумот е потребен за оксидација на липидите, додека бакарот помага во телото при апсорпција на железото, создавање на имунолошкиот состав, создавање на црвени крвни клетки и одржување на здрави нервни клеки како и добар имунитет.