Пет причини зошто чуствувате жед иако пиете доволно вода
Постојат ситуации во кои се чувствуваме многу жедни и имаме желба за дополнително пиење вода. Експертите тврдат дека веќе сте дехидрирале кога почнувате да чувствувате жед, а ако пиете вода повеќе од вообичаено, а сепак сте жедни, причините за тоа можат да бидат различни. Како на пример:
1. Консумирате премногу сол
Ако консумирате намирници коишто содржат премногу сол, може да чувствувате почесто жед. Солта ја извлекува водата од клетките, а како последица мозокот добива информација дека на телото му е потребно уште вода и затоа чувствуваме жед. Внимавајте да не консумирате повеќе од 5 грама сол дневно.
2. Наутро трчате
Секој облик на вежба е корисен, но важно е да знаете кое време е најдобро за вежбање. Ако трчате во раните утрински часови, на вашето тело ќе му биде потребно повеќе вода во текот на денот. Телото губи течности низ потење, па треба да се надомести изгубеното.
3. Долго време сте биле на сонце
Избегнувајте престој на силно сонце, особено во текот на летните месеци. Подолгиот престој на сонце може да доведе до тоа да чувствувате жед, дури и ако само мирувате и немате физичка активност.
4. Имате сува уста
Сувата уста доведува до низа непријатни симптоми и погодува развој на некои болести на усната шуплина, поради што претставува сериозен проблем. Сама по себе не е болест, туку симптом на одредени болести и состојба што го доведува организмот до засилено чувство на жед.
5. Лекови
Некои лекови имаат нуспојава на сува уста и засилена желба за вода. Ако почувствувате ваква нуспојава, побарајте лекарски совет.