Црвениот кармин секогаш во тренд?
За црвениот кармин се вели дека е класика што е секогаш во мода и задолжително треба да го има во чантата на секоја жена.
Одговара речиси на секоја жена важно само да се направи вистинскиот избор на нијансата. За црвената боја важи мислењето дека е многу сензуална,секси и провокативна,но и гламурозна и елегантна и е во мода со децении.
За жал многу припаднички на понежниот пол сметаат дека црвената боја на карминот не им одговара ниту на нивното лице ниту пак на бојата на кожата.
Затоа за негово нанесување има и правила кои треба да се почитуваат:
Ако имате светол тен,црвениот кармин многу повеќе ќе дојде до израз за разлика од оние со потемна боја на кожата. Во тој случај очите треба да бидат нашминкани со понежна боја а и ружот треба да биде посветол. Ако пак имате црвен кармин кој не ви се допаѓа ,можете да направите и комбинација од повеќе нијанси на кармин и да ја добиете бојата која ќе ви одговара.
За оцртување на усните треба да изберете моливче кое ќе одговара на нијансата на карминот при што внимателно ќе ги исцртате.Тоа се всушност и основните правила кои важат при нанесување на црвениот кармин.
