Најженствени капути!
Ако и во текот на студените зимски денови сакате да изгледате модерно и во тренд, трансформирајте го вашиот најтопол капут. Оваа сезона се носат капути во облик на ѕвонче, како и струкирани капути кои го истакнуваат телото.
Истакнете го струкот!
Доколку сакате крзно, освежете го вашиот омилен капут со елек од крзно. Ќе изгледате многу атрактивно, но и ќе ви биде многу потопло.
Пелерини!
И оваа сезона креаторите ни понудија разни модели на палерини кои изгледаат убаво и елегантно. Подеднакво можат да се носат како со панталони така и со куси здолништа.
Војнички!
Капутите инспирирани од војничката униформа се носат веќе неколку сезони бидејќи многу лесно се вклопуваат со лежерна и полуспортска гардероба.
Широки модели!
Дамите кои сакаат обемни фустани им препорачуваме, нови огромни модели. Тие претежно се во едноставен крој, што ги прави многу практични и универзални.
Јака!
Без разлика дали ја следат линијата на телото или пак се во облик на ѕвонче, моделите со крзно на ракавот и околу вратот делуваат шик. Важно е капутот да одговара на вашиот стил и под него да може да облечете дебел џемпер или ролка.
