Старомодни, но во тренд!
Да бидеш дама не значи да носиш бели ракавици и да организираш чајанки. Ако мислите дека изгледате малку неуредно, применете некои женствени навики и веднаш ќе бидете поразлични во очите на другите.
Уредна коса
Никогаш нема да изгледате како дама ако косата ви изгледа како птичјо гнездо. Сите наутро изгледаме како да сме се вратиле од војна, но ако косата постојано ви изгледа така, одберете фризура која е лесна за одржување. И секако допуштете си неколку квалитетни проиводи кои ќе ви помогнат околу тоа.
Чисти чевли
Клучот во секој стил што го формираат модните икони е во деталите. Секогаш, во секоја пригода се најважни деталите. Ниедна дама не смее да си дозволи да се шета со валкани чевли, особено со кал на нив.
Cекогаш испеглани
Пеглањето можеби е досадно, но нема да изгледате убаво доколку се на вас е како изџвакано. Облеката пеглајте ја пред да ја ставите во плакарот, така ќе биде уредна и спремна за носење.
Маникир
Кратките нокти се поедноставни за одржување отколку долгите. Никогаш немојте да ги оставате ноктите со излупен лак, подобро избришете го и не нанесувајте друг ако немате време, отколку да го оставите веќе излупениот лак само затоа што немате време да нанесете нов.
Совршена шминка
Доколку сакате да бидете женствени, вашата шминка мора да биде совршена. Затоа треба да ја нанесете внимателно и прецизно, така што поправките во текот на денот да бидат минимални. Нежната и побледа шминка е секогаш правилен избор за да се чуствувате едноставно и елегантно истовремено.
Хидрирана кожа
Сувата или црвена кожа не е привлечна. Ако и е потребна хидратација, особено преку зима, редовно нанесувајте хидратантна крема. Рацете се чувствителни скоро како и лицето, па затоа никогаш не ги заборавајте. Не заборавајте да носите ракавици.
Став
Добриот став не само што ве прави женствени, туку е и добар за вашето тело. Погледнете се во огледало. Правилното држење е најбрзиот начин до елегантен и женствен изглед.