Фустан во кој сите ќе ве забележат!

Објавено на 30 ноември, 2012 во 12:00

На модна ревија во Сингапур, претставен е фустан дизајниран од Jumi Katsura, во кој се сошиени стотина минијатурни сијалички.

Всушност станува збор за  венчаница, на која има можност, доколку невестата изрази желба да стави и светлечки украси во нејзината коса, бидермаер, па дури да ги осветли и деверушите.

И додека дел од публиката на ревијата беа воодушевени од невообичаената креација, другите изјавија дека оваа венчаница би ја облекле само за новогодишен маскенбал, со оглед на тоа дека целиот фустан личи на раздвижена елка.

Инаку, Katsura е дизајнер познат по својата страст за експериментирање со материјали. Така, во 2010 година во Париз претставил фустан со морски гребен, а во следната 2011-та година се одлучил за венчаница украсена со десет илјади бисери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.