Сокријте ги недостатоците со помош на нашите трикови!

Објавено на 6 декември, 2012 во 14:34

Како да ги прикриете уморните очи?

 

 

Во аптека набавете обични капки за очи и ќе ви користат во сите прилики кога ќе ви притреба освежување. Капките за очи се вистински спас за уморните очи.

Како најдобро да го скриете мозолчето?

Многу светол коректор само ќе го нагласи мозолчето на вашето лице. Мозолчињата кријте ги со густ коректор во боја која е иста или само една нијанса посветла од вашиот природен тен и добро втапкајте го.

Како да ги скротите непослушните веѓи?

Доколку имате подолги влакненца на веѓите, не ги кратете затоа што така ќе изгледаат неприродно. Подобро скротете ги со проѕирна маската или со помош на малку вазелин, кој можете да го нанесете со стара четкичка за заби или исчистена четкичка од маскара.

Како да се ослободите од наелектризираната коса?

Ако имате проблем со непослушните влакна, кои стрчат поради влажноста, после стилизирањето на косата дланките напрскајте ги со лак за коса и благо поминете преку косата, со што ќе ја измазните и фиксирате во исто време.

Како да нанесете права линија туш за очи?

Ако имате проблем со повлекување на права линија туш, најпрво направете неколку тенки црти над линијата на трепките и потоа спојте ги во една права линија.

Како да обезбедите долготрајна шминка на очите?

Одите на важна забава и сакате шминката на очите да ви трае цела ноќ… Тогаш, нанесете ја сенката со помош на влажна четкичка за сенки. Ова е еден од најпознатите трикови на славните шминкери и секогаш пали.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.