Парфем со мирис на пица!
Симпатичната шала на Фејсбук, од страна на “Pizza Hut”, стана реалност.
Всушност, компанијата “Pizza Hut”, лансираше парфем инспириран од позитивните коментари предизвикани од шегата која беше објавена на нивната страна на Фејсбук од страна на маркетинг тимот.
Маркетинг тимот сватил дека шегата сепак е интересна и повторно се пошегувале, со резерва ги запрашале клиентите како би сакале овој парфем да се нарекува.
Пристигнале илјадници коментари од илјадници верни клиенти кои биле воодушевени од идејата, затоа компанијата “Pizza Hut” изработила 110 парфеми и им ги поделила на дел од среќните Фејсбук коментатори од Канада.
Менаџерите од компанијата изјавуваат дека е само прашање на време кога парфемот ќе го лансираат на пазарот.
Инаку, “Pizza Hut” парфемот би требало да го долови мирисот на врела пица кога ја отварате од кутија, со акцент на свежо печено тесто.
Би сакале ли и Вие да пробате?
