Модни грешки кои може да си ги дозволите!
Ако ја чекавте сезоната каде што може да ги прекршите сите модни правила и пак да изгледате одлично, тогаш конечно ја дочекавте вистинската зима.
Слободно покажете ја вашата креативна страна и склоност кон кршење на следните не пишани правила.
1. Белата гардероба е наменета за лето!
Дефинитивно едно од модните правила кое секој од нас го слушнал милион пати, а некои и сѐ уште се држат до него. Белата боја е прекрасна, не само за летните фустанчиња и маички! Без разлика дали станува збор за бело капутче, џемпер или чизми, белите парчиња ќе го освежат вашиот изглед во темните есенски и зимски денови.
2. Никогаш не комбинирајте различни шари
Колку досадно правило! Токму затоа се почесто се прекршува! Комбинирањето на различни дезени е многу интересен начин вашата комбинација да биде малку невообичаена и интересна. Тука спаѓаат сите комбинации на карирани шари, линии ( вертикални, хоризонтални) и други.
3. Не комбинирајте сребрен и златен накит
Зашто да се ограничиме само на златен или на сребрен накит, кога може интересно да се искомбинираат различните метали, па дури и разни други материјали? Доколку се внимава и убаво замисли, комбинирањето на накитот од различни материјали (дрвен, метален…) може да изгледа необично и да и даде дополнителен, необичен шмек на секоја комбинација!
4. Секогаш носете една нијанса на тексас
Оваа сезона многу се модерни тексас кошулите, кои во поголемиот дел од случаите се комбинирани со тексас фармерки! Внимавајте само на боите, не секој тексас одговара со некој друг! Обично тоа се комбинации на светли тексас кошули/јакни со фармерки од потемен тексас (и обратно).
5. Сандалите не се носат во зимо и со хулахопки
Прекршувањето на ова правило бара многу внимание за да изгледа убаво. Комбинирањето на сандалите со отворени прсти и хулахопките треба да се направи внимателно. Особено треба да се внимава на изборот на хулахопки/чорапи.
