Како да одберете совршено маче?
Најчеста грешка кога бирате маче за домашно милениче е кога ќе донесете одлука врз основа на изгледот.
Иако мачињата знаат да бидат неодоливи, послушајте ги овие совети од искусни експерти од областа на ветеринарната медицина.
Дали сте подготвени?
Размислете за алергии. Тоа е најважното нешто при купување на маче -затоа што многумина не можат да ги поднесат неговите влакна. Детските молби не треба да влијаат на одлуката. Размислете и за другите избори на домашни миленичиња, можеби за вас е иделен изборот на куче, хрчак или риба. Прашајте ветеринар за особеностите на секој вид. Некои мачки се друштвени (сијамски), некои повлечени, подложни на болести и др. Направете и листа на работи кои ви се потребни – трошоците се битни кога е прашање изборот на милениче.
Колку треба да е старо мачето?
Повеќето мачиња се енергетски крзнени бомби. Немирни се, ползата насекаде, душкаат, допираат, љубопитни се. Пред да донесете конечна одлука, земете некое маче на гости неколку дена. Ќе видите како се однесува, дали ви одговара. Идеално маче за проба е шест месеци.
Усвојување или купување?
Подобро е да купите маче од специјализирана продавница или да усвоите од проверен сопственик, отколку да згрижите некои маче од улица.