Стил за усни!
Ombre стилот најчесто се користи кај дречливи нијанси на кармин, но и потемните изгледаат добро за вечерните излегувања. Една од привилегиите на овој стил на шминкање на усни е што прави тие да изгледаат полни, па е одличен трик за тие со потенки усни. Црвената, портокаловата и розовата се фантастични бои за да си играте со нив, да го добиете овој изглед, но останатата шминка задолжително е да биде неутрална ако не сакате да изгледате вулгарно.
За оваа шминка потребно ви се два кармини во различна боја, молив за усни иста боја како потемниот кармин и сенка за очи во иста боја како потемниот кармин.
Прво горната усна ја шминкате со посветлиот кармин, додека долната нанесувате од моливот, па потоа нанесувате кармин и на крај ставате за појак ефект од сенката за очи. Единствено правило е што усните не смеете да ги оближувате, а ако го направите тоа, тогаш додајте безбоен сјај за усни и овие две бои ќе се прелеваат. Погледнете како добро изгледа овој стил и можеби ќе се осмелите да го примените за едно од следните излегувања.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=4AWUlXwnYug{/youtube}