Од грдо пајче во лебед за само еден ден!
Објавено: 24 јануари, 2013, во 10:11 часот
Понекогаш најдобри совети за убавина се оние кои се кратки и едноставни.
Козметичарката Леа Вајр ни носи токму такви мали трикови кои се добредојдени на секоја жена.
Секојдневно сме бомбардирни од бројни бјути совети кои би требало да ни помогнат во лесно негување на косата, лицето, телото …
Но, малку од тие совети се навистина едноставни и ефикасни. Во оваа прилика ви носиме неколку трикови за убавина и нега од Леа Вајр, а вие сами одлучите дали вреди да се обидете:
*Освежете ги сувите врвови на косата така што еднаш неделно балзамот за коса заменете го со природна маска за коса. Врвовите може лесно да ги протриете со малку маслиново масло.
* Ако сакате да почнете да применувате природен изглед на лицето, во подрачјето на долни трепавици не користете молив за исцртување, туку само на горните трепки нанесете лесен слој маскара.
* Излечете ги сувите усни така што неколку пати неделно пред спиење ќе ги исполирате со шеќер и пред спиење ќе нанесете вазелин.
*Доколку сакате вашата светликава шминка да трае подолго, на посакуваното место пред светликавата шминка ставете лосион, ќе делува баш како лепило.
* Едноставен рецепт за природна маска за нега на коса: Згмечете една банана, додадете малку маслиново масло, едно јајце и сето тоа заедно добро измешајте го додека смесата не стане хомогена. Овој третман практикувајте го барем еднаш месечно.
*Доколку сакате вашиот парфем да се задржи подолго на вашата кожа, пред негово нанесување ставете неутрална крема на местата каде што го распрскувате. Мирисот од парфем од сува кожа испарува многу побргу.
