Која маскара е идеална?
Жените ги обожаваат маскарите.
Црната маскара е најчест избор на жените, бидјќи го нагласува обликот на окото и ги истакнува трепавиците. Дознајте уште неколку трикови како да направите вистински избор кога станува збор за маскара.
Бои
Црната маскара е најчест избор на жените, било да се русокоси или пак бринети. Доколку имате желба за маскара во боја, виолетовата им прилега на плави, зелени и костенливи очи, додека блавата и зелената маскара им прилега на светло кафеавите очи.
Волумен
Пред да купите нова маскара одлучете што сакате …да го нагласите волуменот и густината на трепавиците, или да ги издолжите.
Водоотпорна
Водоотпорните маскари имаат формула која е тешко да се отстрани па затоа ќе ви треба подолго време. Користете ја само доколку знаете дека ќе плачете.
Комбинација од повеќе видови
Не мора да се ограничите само на еден вид маскара. Започнете со виткач на трепки, потоа на горните и долните трепавици нанесете маскара за издолжување. Потоа со цик-цак движење нанесете маскара за волумен. Вишокот на маската расчешлајте го и отстранете го пред маскарата да се исуши.