Пеглањето предизвикува опаѓање и горење на косата!
Објавено: 2 февруари, 2013, во 11:35 часот
Соврешено права коса е сон на секоја жена која користи преса за коса.
Но, истражувањата покажале дека освен што ја суши косата, пеглањето предизвикува опаѓање и горење на косата и ја претвора вашата прекрасна коса да изгледа како безживотна слама.

Речиси да нема жена со долга коса, која барем еднаш не употребила преса за израмнување на косата. Тоа потврдува и статистиката која објаснува дека секоја трета жена во нејзиниот дом има преса за коса, а четвртина од нив не го напушта домот без овој ритуал.
Правата коса во изминатите неколку години стана голем хит, благодарение на популарната “Rachel фризура”, Jennifer Aniston и серијата Пријатели ги освои жените ширум светот.
Но најновите истражувања покажале дека новите преси се вистинска опасност за вашата коса, а нејзиното редовно користење ќе ја претвори вашата коса во тенка и беживотна. Исто така, честото пеглање предизвикува исушување на косата која станува нерамна.

Експертите објаснување најдоа во новата технологија. Поранешните, челични пегли за за постигнување на температурата им беше потребно 20 минути, за разлика од новите со керамичка подлога кои за една минута достигнуваат температура до 220 степени.
Всушност температурата над 180 степени е одговорна за оштетување на косата, за која неможе да и помогнат и никакви заштитни средства.
Ако и вие сте една од оние чија коса веќе го губи квалитетот, можеби е време за пауза и ултра-хранлив третман , како маска или силиконски капки кои ќе го вратат сјајот на косата.
Исто така за фенирање користите четка за коса без метални иглички, оние четки од природни влакна се препорачливи, како и квалитетна преса со која ќе може да ја контролирате температурата под 180 степени.

