До полни усни со само четири чекори!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 12:41

Немој да очајувате ако немате усни како на Анџелина Џоли, туку научете како само со четири чекори може да направите илузија од полни и сензуални усни…

Што ви е потребно?

– Коректор

– Молив во боја на усните

– Безбоен сјај

– Светликав сјај

– Четкичка за руж

 

Прв чекор

Нанесете тенок слој коректор на ивиците на долната и горната усна. Коректорот ќе рефлектира светлина па затоа усните ќе изгледаат полни.

Втор чекор

Исцртајте ја ивицата на усната со молив. Слободно одете и преку ивицата, бидејќи коректорот ќе ја ублажи празнината помеѓу усните и моливот.

Трет чекор

Користејќи ја четката, нанесете проѕирен сјај. Може да употребите и руж во најбледа нијанса или пак во онаа како бојата на вашите усни.

Четврт чекор

На средината на долната усна ставете малку светликав сјај. Он исто така ќе рефлектира светлина, за да даде излузија на полна усна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.