Што е тајната на успешен цимерски живот?
Објавено: 18 февруари, 2013, во 12:22 часот
Доколку е време да се водмите во заеднички стан или студентски дом тоа ќе биде или најдобрато или најлошато искуство во вашиот живот. Но, пред да започнете среќен заеднички живот со цимер или цимерка треба да воспоставите заеднички правила.
Поделба на трошоци – Разговарајте за еднаквата поделба на трошоците која мора да се почитува, и одредете си датум кога ќе ги плаќате сметките, за да бидете во можност да си го распоредите месечниот буџет.
Цигари и алкохол – Навиките поврзани за алкохол, цигару и дрога може да претставуват озбилна точка за разговор помеѓу цимерите. Било да сте пушач вие ил вашиот цимер, одредете простор каде што пушењето ќе биде дозволено.
Забава во куќата – Сите сакаат домашни забави. Но поентата е како ќе изгледа просторот после гласната музика и десетина празни шишиња. Дали сте спремни да толерирате вакви забави доколку вашиот цимер е парти манијак? Едноставно направете компромис – една забава месечно, па потоа видете како ќе функционирате.
Партнери – Исто така многу е важно да се договорите кој ќе може да преспива во вашиот заеднички простор. Направете граница, партнерите или родителите доколку ви идат на посета. Сигунро не сакате вашиот партнер да да биде постојано во пристуство на непознати лица во вашиот заеднички простор.
Обврски – Вие можеби мразите пазарење, а вашиот цимер чистење. Договорете се кои обврски ви одговараат повеќе, а кои на цимерот и на тој начин поделете и почитувајте го тоа.
