Сенки за секоја боја на очи!
Секое око може да светне во полн сјај со вистинската шминка,а секоја боја на око природно одговара поинаква нијанса која ќе го истакне и дополни.
Затоа за секоја боја на очи следува избор на сенки кои совршено одговараат на окоto. Откријте кои се вашите бои!
Зелени очи
Секој несесер треба да има неутрална боја на сенка а за дамите со зелени очи најдобри се топли нијанси со малку бисерен отсјај. Црните сенки не се препорачливи но кафеавата нијанса или сива се вистински избор бидејќи ќе им дадат мек и женствен изглед. Виолетовата боја добро одговара на сите очи но на зелените е највпечатлива. Сребрената нијанса на сенка за „smokey eye“ или метално златна која содржи зелени нијанси се исто така добар избор за зелените очи.
Идеални сенки за кафеави очи
За дамите со костенлив поглед ,прво ќе им препорачаме впечатлива плава сенка која на темно кафеавото око со својот електричен сјај на бојата ќе и даде вистински акцент. Виолетовата нијанса ќе му даде драматичен изглед, додека зелените тонови најдобро ќе изгледаат на очи со чоколадна нијанса. Златните и бакарни сенки се алтернатива за неутрални сенки каде златниот отсјај токму ќе ја нагласи темната боја на окото.
Сини очи
Сините очи најдобро ќе го свртат вниманието кон себе ако ги украсите со сенка во нежна нијанса која ќе ја изрази нивната сина боја. Виолетовите нијанси се секогаш подобро решение од сини и зелени бидејќи во нив сините очи се губат а виолетовите ги нагласуваат особено ако се потемни. Можеби ќе звучи лудо но портокаловата сенка буквално ќе го запали вашиот поглед. Тоа се спротивни бои и контрастот кој го прават ќе изгледа фантастично на синооките дами.
Она што би требало да избегнувате е секако сина сенка бидејќи наместо да ги истакне таа ќе ги загуши сините очи и така ќе се добие контра ефект.
