Пилинг на лице со портокал и кефир!
Објавено на 3 мај, 2013 во 08:06
Острите својства на кората од портокал ќе ѝ дадат на кожата свежина и сјајност. Кефирот само дополнително ќе го засили овој ефект.
Што ви е потребно:
1½ лажичка кефир
1 лажичка бадемово или кокосово масло
1 лажичка рендана лушпа од портокал
1½ лажичка мелени бадеми или овесни снегулки
Kако да го подготвите:
Измијте го добро портокалот со топла вода. Изрендајте од кората и измешајте ги сите состојки.
Нанесете ја смесата на лицето (избегнувајте го пределот во близина на очите).
Со влажни раце, нежно масирајте го лицето со кружни движења.
Исплакнете го лицето со топла вода и со чиста памучна крпа, со тапкање, избришете го лицето.
За многу мрсна кожа, оваа маска може да се користи почесто. За сува кожа, користете ја еднаш до двапати месечно.
