Мажи направете го бричењето ритуал, а не рутинска работа!

Објавено на 5 мај, 2013 во 14:33

Бричењето треба да претставува ритуал кој на мажот ќе му помогне да ја зачува кожата здрава и неизиритирана, а не само обично повлекување на бричот по лицето?

Еве неколку правила на кои треба да се придржувате:

Прво: Чистење на кожата
Прв чекор на бричењето е чистење на кожата од вишокот маснотии, нечистотии и други остатоци. За таа цел користете гел за чистење според вашиот тип на кожа за да ја подготвите за бричење;

Второ: Предбричење
По чистењето нанесете гел за бричење или пена за бричење и убаво втријте ја во кожата за да ја омекнете брадата и да спречите исекотини во текот на бричењето;

Трето: Бричење
Денешните современи бричови се дизајнирани за полесно и поблиско бричење до кожата. Лубрикантните додатоци овозможуваат полесно бричење со лесно подигање на влакната од кожата;

Четврто: Тонирање
Тониците и астрингентите се совршени продукти кои се користат при бричењето и кои ги отстрануваат остатоците, ја затегнуваат кожата и ја освежуваат, оставајќи ја со мат изглед;

Петто: По бричењето
Лосионите и кремите помагаат да се зачува здрав тенот и областа која е бричена. Треба да содржат комплекси за навлажнување, заштита и заздравување на кожата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.