Пролетни сако јакни!
Дизајнерите оваа пролет, со комбинација на материјали, детали и бои, им дадоа нешто поинаков изглед на јакните, уште помодерен и поатрактивен.
Нивната едноставност и практичност ги прави омилени кај многу дами. Добри се за комбинирање без оглед на стилот бидејќи лесно се вклопуваат и во спортски и во елегантни варијанти.
На самиот врв на модните скалила и оваа пролет се најдоа шанел јакните а нивни копии можат да се видат во бројни продавници. Многу се женствени и елегантни а можат да се носат и преку кошули, маици, туники, со сукни или панталони со различен крој.
И boyfriend сако јакните со машки крој многу дами ги прифатија без дилема. Се истакнуваат моделите со превртени ракави, со раменици кои им даваат авторитет а се комбинираат со туники, блузи, фармерки но и добро стојат со фустани.
Модерни се кратките сако јакни и моделите со дворедно закопчување и патент. Актуелни се и моделите со копче на средина, малку струкирани како и оние без јака.
Дизајнерите си поиграле со боите и дезените а во големиот избор на модели впечатливи се пастелните и силни нијанси како и дезени анимал , цветни, геометриски кои го освежуваат комплетниот изглед.
