Накит за покрупни!
Објавено на 8 мај, 2013 во 09:06
За покрупните дами, има неколку правила што ќе им помогнат да го направат правилниот избор на накит.
Така, на вратот најдобро ќе им прилега ѓердан со должина до половината. Не се препорачливи големи приврзоци.
Прстен со голем камен, во црвена или зелена боја, е сосема доволен за отмен изглед, нема потреба од повеќе накит.
Обетките ќе биде најдобро да се во форма на алки или нешто подолга варијанта, со комбинација на поголеми стаклени елементи во облик на топчиња. Добар избор ќе биде и накит изработен од глина.
Идеално е, доколку носите шапка или шешир, околу нив да заврзете некоја марама од фин материјал, со златни или сребрени кончиња.
Широки појаси или ремени покрупните жени треба да избегнуваат.
