Потребни парчиња гардероба кои жената мора да ги има во гардеробер!
Фустани во боја
Скоро секоја жена го цени својот мал црн фустан и проблемот е токму во тоа. Тој не смее да биде единствен во гардероберот. Вториот мора да биде коктел фустан, бојата ја избирате вие, онаа што најдобро ви прилега. Овој фустан ќе ве освежи особено ако го искомбинирате со јакни, блејзери, чорапи…
Класична бела кошула
Додека се менуват трендовите на маиците, класичната бела кошула е секогаш во мода. За ова парче облека се исплаќа да издвоите повеќе пари бидејќи колку е по квалитетна толку повеќе ќе ја носите. И најдобре е ако е памучна со малку еластин. Има многу комбинации во кои се користи белата кошула, како на пример со панталони, сукња, под сако, со фармерки итн.
Шарена марама
Немојте да се двоумите кога станува збор за марами, дури и онаа со вашите омилени комбинации на бои со некои кул отпечатоци треба да се најде во вашата гардероба.
Сако за секоја пригода
Во ладните ноќи може да послужи како јакна, а тоа е идеално. Може да се комбинира со здолништа и фустани. Вие треба да го изберете моделот и бојата, така што ке можете да го користите во што поголем број комбинации.
Совршен пар фармерки
Во плакарот мора да се има барем еден совршен пар на фармерки бидејќи можат да се комбинираат за дневен и вечерен изглед. Ако случајно припаѓате на оние кои не го пронашле идеалениот модел за себе – време е!