Маска од банана за сјајна коса!

Објавено на 11 мај, 2013 во 09:08

Сите ние сакаме да имаме убава,здрава и сјајна коса.Здравата и долга коса е секогаш најубавиот украс на жената. Затоа многу од нас купуваат разни производи за нега на косата и се трошат многу пари.Но најдобрата нега за нашата коса доаѓа од природата.

Ние ви препорачуваме една маска за вашата коса,која е многу едноставна и лесна сами да ја направите. Ќе ви даде сјај, волумен и сила.

Состојки и подготовка:

Излупете кора од две банани и во блендер испасирајте ги. Истурете ги бананите во еден сад и измешајте ги со 3 лажици мајонез и 1 лажица маслиново масло. Ова маска ставете ја на косата и оставете ја 30 минути. Потоа измијте ја косата со млака вода. Можете да додадете 2-3 капки етерично масло за да се намали  мирисот на мајонез.

Остатокот од маската ставете го во херметички затворен сад и чувајте го во фрижидер за да можете покасно пак да  употребите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.