Жените на нова облека трошат третина од буџетот што им е за патување!

Објавено на 14 мај, 2013 во 07:50

Припадничките на поубавиот пол пред секое патување во странство парите ги трошат на бикини и фустани, најмногу од страв дека на фотографиите ќе изгледаат исто како и минатата година.

Речиси 21 насто од жените пред да заминат на годишен одмор купуваат нова облека,покажало испитувањето на британскиот портал sunshine.co.uk. Тие на новите парчиња облека трошат речиси третина од вкупните трошоци за годишниот одмор, пишува Дејли Мејл.

Најмногу пари издвојуваат за четири костими за капење, шест летни фустани, кратки панталони, накит, очила за сонце, сандали и нов мејк ап. Третина од нив признаваат дека се честат со нова облека пред секое патување во странство, потврдила студијата.

-„Носењето на облека од минатата сезона не e страшно а може да ги намали трошоците за патување. Токму затоа треба да се средат приоритетите и да се одреди она што ни е најважно, облека или годишен одмор“ – истакнал соосновачот на порталот Крис Кларксон.

Претходните испитувања откриле дека жените во просек на годишниот одмор менуваат и до 28 комбинации на облека а многу често облеката е главна причина за расправии со партнерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.