Маска за лице од авокадо и мед!
Објавено на 17 мај, 2013 во 07:00
Нема потреба да купувате скапи маски во продавницa, бидејки идеална маска за вашето лице можете да направите и дома. Се што е потребно е да јадете авокадо и мед.
Оваа маска е идеална за сува кожа.
Состојки:
– Половина зрело авокадо
– ¼ чаша мед
Подготовка:
Испасирајте го авокaдото, додадете мед и направете мазна смеса. Нанесете ја на лицето, вратот и оставете ја да делува 15-20минути. Измијте со млака вода и нежно бришете со крпата за да се исуши добро кожата. Потоа ставете хидратантен крем без масло на лицето и вратот.
Предности:
Авокадото ја лекува сувата кожа, ги намалува флеките и ситните линии и брчки на лицето. Медот содржи антимикробни својства и е природен антиоксиданс.
