Впечатливи обетки!
Крупниот накит оваа сезона е вистински хит. А обетките како еден од најпопуларните детали секако мораат да бидат во склад со овој тренд.
Големи, накитени, необични, шарени, од секаков материјал кожа, метал, дрво или пластика– важно е само да се впечатливи за да не може да се симне погледот од нив.
Со нив не е препорачливо да се става друг накит зашто потребно е тие да бидат во прв план.
Обетките се неодминлив детал кој и тоа како можат да го освежат вашиот пролетен стајлинг.
Крупните обетки во нежни бои одговараат на плавите девојки, црнокосите и бринетите а можете да ги комбинирате на разни начини. Усогласете ги со крупни очила за сонце и шешир по избор и бидете во тренд од глава до пети.
Еве неколку предлози, парчиња на светски познати дизајнери кои можат да послужат за ваша инспирација.
