Предности на кратката коса!

Објавено на 17 мај, 2013 во 09:11

Кратката коса во последно време е особено популарна. Ако сакате промена но отсекогаш сте имале долга коса ви ги откриваме сите предности на кратката коса.

Полесна е за одржување – Жените кои имаат многу обврски најчесто се одлучуваат за кратка фризура бидејќи за нејзино средување е потребно многу малку време.

Чувство на слобода – Долгата коса понекогаш е напорна. Во зима обично се провлекува во капутот, шалот, лесно се заплеткува, наелектризира e, а од влажното време лесно се витка и добива несакан волумен. Токму заради тие причини кратката коса ќе ви даде чувство на слобода.

Помлад изглед – Освен тоа, на кратката коса обично најдобро и одговараат додатоци. Интересни шноли и марами за момент ќе го освежат вашиот изглед.

Не се заплеткува за разлика од долгата коса низ која тешко минуваат прстите. Кратката коса може поретко да ја чешлате.

Поостар изглед- Ако сакате да изгледате посериозно и поостро тогаш одлучете се за кратка фризура.

Помалку шампон и регенератор – Можеби ви звучи смешно или помалку важно но факт е дека ќе ви бидат потребни многу помалку шампон и регенератор. Заштедата на месечно ниво веројатно ќе ве изненади.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.