Шлицови на сукњите!
Објавено на 19 мај, 2013 во 11:48
Долгите сукњи,уште минатата година потполно ги освоија модните вљубенички а оваа сезона дизајнерите дополнително ги зачинија со шлицови.
Ги сместија на страна,напред,од двете страни на сукњата…благодарение на нив долгите сукњи но и строгите тесни сукњи добија доза на леснотија и сексипилност и така станаа парче кое можете да го носите во дневни но и вечерни комбинации.
Правила за носење нема на вас е само да изберете која сукња со шлицови повеќе ви се допаѓа – онаа пропратена со детали,силни бои,линии или точки,со шлицови од страна или позади…
Како мала доза на инспирација еве ви неколку модели кои се носат низ улиците во светот.
