Совршена шминка!

Објавено на 20 мај, 2013 во 11:44

За да имате прекрасно нашминкани очи одберете само две бои сенка кои ќе одговараат со бојата на вашата облека и очи.

Со помош на моливче нагласете ги очите.Ставете на горниот дел од очите а ако сакате да го ублажите,со апликатор или со вашиот прст размачкајте го.На крај ставете маскара.

Кога сакате да се нашминкате за вечерно излегување одберете бисерно сјајна сенка за очи.Одберете светли нијанси,бидејки темните даваат поостри црти на вашето лице.

Руменилото нанесувајте го со четка,и нека одговара со бојата на шминката.Ако ставате ладни бои сенки,  руменилото нека биде розово, а ако сенките се топли бои тогаш одберете боја на кајсија.

За да го постигнете саканото вашите очи да изгледаат поголеми ставете светла сенка на очните капаци,а тема сенка под веѓи.Затоа преку средина на очните  капаци соединете ги двете бои.Белата сенка ставете ја под веѓите и во внатрешниот агол на окото.

Сенката ставајте ја со апликатор,четка или прст.Никогаш не користете ист апликатор за различи сенки.Ако имате само еден апликатор прво исперете го и исушете го пред да го употребете за друга сенка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.