Женски модни трендови кои ги нервираат мажите!

Објавено на 22 мај, 2013 во 09:10

Дека мажите навистина се од Марс а жените од Венера се покажало многу пати а не е поштедена ни модата.

Еве листа на модни трендови кои на мажите едноставно не им е јасно како жените можат воопшто да ги погледнат а не пак да ги купат.

1. Крзнени чизмички

Осми смртен грев за многу мажи.Толку им се грозни што не ги интересира ниту нивната удобност ни тоа што жените ги греат во зима.

2. Балетанки

Во пролет и лето имате балетанки. Во нив на мажите дури не им изгледаме ни како жени туку повеќе како шатки. А нив и понатаму си ги обожавате….

3.Трегерки

Момчињата ви шепнаа дека трегерките не им се секси и дека во нив ги потсетувате на главниот јунак на игри Супер Марио,што  не е баш некој комплимент.

4. Пелерини

Пелерините се апсолутни убијци на женственоста, кои ако се прашаат мажите веднаш би добиле доживотна казна. Без можност за помилување.

5. Хеланки

Не  ги мразат баш сите момчиња хеланките но многумина сметаат дека изгледаат многу евтино и дека на мал број на девојки добро им стојат. Особено оние кои се екстра шарени или пак бели…

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.