Чевли и чанти инспирирани со хороскоп!

Објавено на 24 мај, 2013 во 07:31

Се популарниот бренд Charlotte Olympia, чии обожавателки се Beyonce Knowles, Sienna Miller и многу други не престануваат да не изненадуваат со оригиналниот дизајн.

Дизајнерката која стои позади овој бренд британката Charlotte Dellal, инспирацијата за новата колекција овој пат ја пронајде во ѕвездите и астрологијата и ги претстави двете нови колекции под името “Birthday Shoes” и “Zodiac Pandora Clutches”.

Балетанките се изработени во 12 комбинации од кои секоја одговара на еден хороскопски знак а со нив доаѓа и clutch чантата која одговара.

Clutch чантата и балетанките од кожа со златен раб, украсени со Сваровски кристали а сето тоа ни доаѓа во модерни бои кои оваа пролет ќе бидат голем хит па овие модни додатоци сигурно ќе го пронајдат патот до многу следбенички на модата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.