Секогаш средени стапала!

Објавено на 27 мај, 2013 во 11:30

Ноктите на стапалата најмногу во лето се изложени на погледи. Поради тоа не смеете да ги занемарите. Во продолжение еве неколку совети за секогаш да имате убави и средени стапала.

Нокти со еднаква должина.

Ако ноктите на ножните прсти ви се долги исечете ги си посебни ножици за нокти на нозе. Кратките нокти доволно е да се обликуваат со турпија. Не ги заборавајте и краевите на ноктите. Заоблете ги за да не ви зараснат во месото.

Чисти нокти.

Купката во вода и сапун најдобро од ноктите ќе ги отстрани дамките. Ако и понатаму се видливи жолтите дамки односно остатоците од лак за нокти,отстранете ги со стапчиња со памук натопен во 20 постотен хидроген.

Поттурнете ја кожичката

Со посебно стапче редовно поттурнувајте ја кожичката и стапалата ќе ви изгледаат уредно. Кожичката потурнувајте ја нежно за да не го оштетите чувствителниот дел на коренот на нокотот или кожата.

Нанесете лак

Корисна помош се вештачките перничиња кои ги разделуваат прстите. Пред нанесување на лакот во боја немојте да заборавите ноктите да ги заштитете со безбоен лак. Така ќе ги спречите флеките кои се последица од навлегувањето на пигментот на лакот во ноктот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.