Накит по мерка на музичките диви!

Објавено на 14 јуни, 2013 во 08:50

Вистински хит со својата нова колекција стана брендот на накитот Fenton кој во рекорден рок, успеа да се пробие на самиот врв на модната индустрија.

Брендот Fenton, го основа дизајнерката Dana Lorenz, во 2005 година, кога од хоби почна да изработува накит а бидејќи е дете на MTV револуцијата, инспирацијата ја пронајде во стајлинзите на музичките диви од седумдесеттите и осумдесеттите Madonne и Siouxsie Sioux. Белгезии, ланци, но и кристали и бисери се  украси на нејзините модели.

Покрај својата колекција дизајнирала и накит за брендовите Thakoon и Proenza Schouler, како и лимитирани парчиња за продавниците на  J. Crew и Opening Ceremony.

Музичките диви од Rihannа до Adel го обожуваат нејзиниот накит а оваа година особено внимание предизвика манекенката Jessica Stam на доделувањето на CFDA наградите од овој бренд. Дизајнерката Lorenz два пати е номинирана за најдобар дизајнер на аксесоари од страна на Здружението на американските дизајнери а миланската недела на модата ја прогласи за нов талент.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.