Машни во косата!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 09:22
Ова лето женственоста се враќа во полн облик. Иако по малку заборавени, нежните и романтични машни во косата се задолжителен тренд.
Женствени и помалку ретро, машните се идеален начин за да постигнете романтичен изглед. Не враќаат во времето кога сме биле девојченца и мајките ни врзувале машни и кики, па затоа бидете и вие вечно разиграно девојче – а можеби и затоа толку многу ги сакаме.
Овој тренд остава простор за секоја креативност – можете да се огледате на минималистичките ретро машни на Marc Jacobs и Louis Vuitton, тенки и сатенски варијанти на Jenny Packham или раскошни, шарени марами кои девојките на ревијата на Dolce&Gabanna ги носеа во коса..
Ова се само идеи и патокази, на вас е да си играте и до крај да го испитате овој тренд.
