Прирачник за заводнички
Сакате да знаете како да бидете привлечна за спротивниот пол? Еве еден мал прирачник од големите заводнички. Ова е тоа што мажите го сакаат:
Долга и убава коса
Потврдено е дека мажите повеќе сакаат жени со долги и убави коси, отколку со кратка коса. Едно истражување кое било направено над огромен број на мажи на возраст од 22 до 45 години докажува дека мажите повеќе сакаат жени со долги коси, за тоа се изјасниле 75% од испитаниците.
Негувана кожа
Убава, мека и нежна кожа. Тоа е она што мажите ги привлекува. Не мора да трошите премногу пари за скапи козметички препарати, може да се послужите и со природните состојки кои се во служба на убавната.
Витка линија
Не морада значи дека треба да се изгладнувате, но со здрава храна и редовно вежбање може да направите убаво тело.
Облини
Големи цврсти гради и убав задник. За ова не може да направите нешто плус ако природата не ви го дала, освен силикони, но со правилна исхрана и вежби може да оформите добар задник по кој ќе се сврти секој маж.
Самодоверба
Мажите сакаат жени кои имаат самодоверба. Колку и да ја немате, кога сте во присуство на некој што ви се допаѓа покажете дека се сакате себе си, дека имате свое јас и верувате во она што го носите во себе.
Атрактивна и убава облека
Важно е да се облекувате складно и убаво во однос на приликата. Немојте да претерувате со дотерувањето. Ни мажите не сакаат жени кои за дневно излегување се облекуваат како за на “бал”.
