Најбарани естетски зафати
Липосукцијата се бара се помалку, а најголема побарувачка има за младешки изглед и поголеми гради, посебно поради хируршките иновации со кои градите изгледаат природно.
Трендот за зголемување на градите продолжува, и според Американското Здружение на пластични хирурзи бројот на таквите операции пораснал за 40% во последните 10 години.
Освен тоа, пациентките се се позадоволни со модерните хируршки техники поради минималните белези и природниот изглед.
Тоа дека облините се популарни сведочи и податокот дека бројот на операции за вадење на масното ткиво опаднал за 10%, а од сите пациентки кои се одлучуваат за естетска хирургија, 70% сакаат да ги зголемат градите.
Од интервенциите за подмладување најпопуларни се инекциите со ботокс, чија популарност порасна за повеќе од 500% во последните неколку години, а во тренд е и отстранувањето на влакна со ласер.
