Совршени парчиња за жени со големи гради
Фустани со А кроеви . Ѕвонасти сукњи како и сукњи со набори ќе додадат волумен на долниот дел на телото и ќе ја урамнотежат фигурата.
Водете сметка долниот дел на вашата облека да биде богат со материјал за визуелно да создаде рамнотежа со бујните гради.
Моторџиски јакни . Ваков модел на јакни одлично ќе одговара на жените со големи гради. Преклопените материјали во долниот дел ќе го довлечат вниманието и ќе ги покројат градите. Немојте да се грижите доколку не можете да ја закопчате јакната,секако овој модел се носи раскопчан.
Широки панталони . Панталоните со широки ногавици ќе ја изедначат разликата помеѓу горниот и долниот дел на телото па во комбинација со полесна маичка совршено ќе одговара на дами со големи гради.
Комбинезони,во главно имаат нешто пошироки горни делови,па не би требало да ви е проблем да пронајдете совршен модел а опуштениот долен дел и пределот во половината ќе создадат одлична рамнотежа помеѓу горниот и долниот дел на телото.
