Сакајте го своето тело
Повеќепати на ден рекламите , телевизиските емисии, филмови и модата ја опседнуваат јавноста со своите сопствени стандарди на убавина.
Тоа е медиумска бура која е водена од уверувањето дека убавите луѓе продаваат убави нешта. Уверување дека ако го купите конкретниот производ ќе заличите на оние кои ги гледате на рекламата . Прашањата околу телото станаа примарни проблеми со кои се соочуваат сите од модните куки до Холивуд и магазините. Идеата за „вистинската жена” ги искреира супер тенките фигури кои шетаат по пистите.
Кога се соочени со слики на жени кои навидум немаат недостатоци, несовршената жена од секојдневието која ги набљудува , е конфронтирана со своето сопствено тело и прави компарација.
Но, не постои само еден тип на прекрасно женско тело , исто како што нема една совршена мајка, сопруга, сестра, керка или пријателка. Промената на негативните престави за телото почнува и завршува со една работа . Перцепцијата. Она што го гледате во огледалото е детерминирано од вашиот одраз од животот, целите, вашите триумфи и падови…. и болки. И тоа не е поразлично од она како се доживува сликарството.
Она што жените го гледаат кај Мона Лиза е поразлично од тоа што мажите го гледаат. Омразата кон телото постои бидејќи тоа негативно се перцепира и негативно се категоризира. Да се сака своето тело, значи добро да се грижиш за него.
