Класичен изглед со масивен накит
Ѓерданите, белезиците и обетките обликувани со додатоци како бисери и кристали го даваат завршниот допир на секој моден став.
Рачно изработените модни додатоци обезбедуваат уникатност и силен индивидуален ефект, па ја имаат моќта да го трансформираат дури и наједноставниот аутфит во раскошен привлекувач на внимание. Многу јасно се забележува дека повеќето од дизајните на новата „жешка” облека се наменети да се носат со забавен накит од секаков тип. Крупни, елегантни или тренди – сè е актуелно, без разлика дали е вистински или најчесто бижутерија.
Големите и крупни белезици се еден од најжешките трендови во накитот за оваа сезона. Масивни, сјајни, честопати со големи орнаменти или камења, тие ја прават приказната особено впечатлива.
Коктел-прстените се втори на листата за задолжителни парчиња за оваа сезона. Тие се носат подеднаво како во комбинација на подотерана варијанта, така и во фанки-спорт облекувањето.
Долгите обетки со камења или предимензионираните парчиња, тие се оние кои претендираат на тронот. За помалку храбрите тука се прстеновидните обетки во сите димензии кои се секогаш модна основа.
