Што и е потребно на косата после морето?

Објавено на 4 септември, 2014 во 06:08

Секоја коса на море односно на летување претрпува мал третман поголем или помал во зависност од тоа колку сметка сте воделе за неа.

Кога тенот почне да обелува тогаш и целата таа магија со потемнетиот изглед се нарушува па и косата која до скоро време ве разубавуваше па сега делува мртво и истрошено и време е да се позанимавате со нејзе.

Во главно потребни ви се следниве три работи после морето и тоа:

– Потстрижувањето на косата после море е задолжително бидејќи најлошо поминуваат краевите на косата кои се чувствителни на сонце и топлина аособено на солта.

– Пакувањата,маските и третманите за хидратација на косата се задолжителни и немојте да запрете после еден третман бидејќи нивното дејство е ограничено. Ви препорачуваме барем три пати да ја повторите оваа постапка во краток временски период.

– Бојадисувањето на косата после море  е третман кој е најефективен во освежување на изгледот. Кога косата ќе ја наполните со пигменти како да и давате нов живот,обновената боја на косата ви го поправа и освежува комплетно изгледот како ретко кој друг третман.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.