Стрии – причина и превенција

Објавено на 3 октомври, 2014 во 07:50

Кожата е составена од три слоја. Најгорниот слој се вика епидермис. Главната негова функција е да се спречат отровите да навлезат во телото. Вториот слој се вика дермис. Дермисот е одговорен за производство на коалоген и еластични влакна кои и даваат мазен изглед на кожата. Стриите се појавуваат на овој слој. Третиот слој се вика хиподермис. Овој слој е изграден од масти и од конективно ткиво.

ШТО СЕ СТРИИТЕ?

Стриите исто така познати како stria atrophica и striae distensae, се пукнатини во дермисот. Стриите често се класифицираат за лузни, ама не се, бидејќи не се составени од фиброзни ткива. Тие претставуваат мазни, тенки пукнатини во дермисот предизвикани од истегнување или кинење на еластичните влакна. Нашата кожа има еластични својства, но пребрзото растење може да предизвика “преистегнување” на кожата, излегувајќи од еластичната граница. За илустрација ќе го посочиме како пример чорапот. Повеќето чорапи се еластични и се даваат форма околу зглобот. Оваа негова еластичност е истегната кога го облекуваме и соблекуваме.

По некое време носење, еластичноста на чорапот станува преистегната и тој повеќе не се формира околу зглобот. Не изгледа убаво кога носиме кратки пантолони, а чорапите висат околу зблобовите. Истото се случува и со стриите. Кога кожата е преистегната, ги губи еластичните својства и нејзините конективни ткива се кинат, при што се создаваат стрии.

БОЈАТА НА СТРИИТЕ

Започнуваат со розови, црвено-кафени или темно кафени линии. Стриите потоа можат да се претворат во црвени, темно црвени или виолетови. Со тек на времето, стриите природно избледуваат во форма на сенки во бајата на твојата кожа. Ова ги прави помалку забележливи.

ШТО ПРЕДИЗВИКУВА СТРИИ

Нагло зголемување на мускулна маса ►Тип на кожа
Пубертет ►Стрес
Бременост ►Нездрава диета
Дебелина ►Нагла промена на климата

НАЧИНИ НА СПРЕЧУВАЊЕ

Балансирана диета – пиењето вода и внесување витамини можат да спречат стрии.

Вежбање – ја подобрува циркулацијата

(НЕ) пушење – познато е дека цигарите предизвукуваат кожата да ја изгуби еластичноста

ЛЕКОВИ ЗА СТРИИ
Многумина ќе ви кажат дека неможете да се ослободите од стриите, но Вие можете да го подобрите нивниот изглед. Најчести лекови за стрии се:

Креми за мачкање:

• Витамин Е
• Путер од кокос
• Рибино масло

Медицински и хируршки:

• Ласерска терапија – голема успешност за трајно отстранување на стриите
• Дермобразија – отстранување на површинскиот дел од кожата
• Хируршко отстранување
• Пилинг – хемиски лушпи се користат за да се обиде да се обнови кожата

Лекови:
• Tretinoin Retin-A

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.